Серија А

Елмас и Наполи ја совладаа Рома и се вратија во игра за место во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Наполи фати приклучок во трката за топ 4 пласман откако вечерва осви три бода на гостувањето во Рим, Дрис Мертенс со два гола донесе триумф од 0-2 над Рома.

Наполи покажа дека има квалитет, избраниците на Гатузо глатко си овоија шест бода во пеколна недела. Откако пред седум дена славеа со 0-1 на гостувањето кај Милан, вечерва со 0-2 триумфираа на гости кај Рома.

Дрис Мертенс со два гола донесе триумф од 0-2 над „волчицата“. Напаѓачот најпрво убаво погоди од слободен удар во 27. минута за потоа по втор пат да ја загресе мрежата во 34. минута. Политано спушти топка а фудбалерот од Белгија со глава успеа да го совлада Лопез.

Со овие два гола, Дрис Мертенс стигна до бројката од 100 погодока во Серија А и стана само третиот фудбалер во историјата на Наполи со вако постигнување. Марек Хамшик исто така има 100 погодока, а Антонио Војак има 102 погодока.

Нашиот Елиф Елмас мечот го започна од клупата за резерви и шанса доби во последните 20 минути.

Со оваа победа, Наполи сега е на само два бода до топ 4 но има и натпревар помалку

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе