Лига Европа

Елмас и Наполи елиминирани од Лига Европа, Обамејанг е херојот на Арсенал (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 ја победи Гранада, шпанскиот клуб со вкупни 3-2 се пласираше во осминафиналето, Арсенал со гол на Обамејанг во самиот финиш од мечот ја совлада Бенфика со 3-2 за пласман во следната фаза. 

Заврши настапот на Наполи и Елмас во Европа, а наскоро се очекува Гатузо да добие и отказ. 
 
По поразот од 2-0 во првиот меч, Наполи не успеа да ја анулира таа негатива иако одлично го почна мечот, Зиелински уште во третата минута даде гол, но веќе во 25. минута Гранада израмни.
 
Фабио Руиз во 59. минута го врати водството на Наполи, но сега им требаше победа од три гола разлика до која не дојдоа.
 
Елмас беше стартер на мечот, а на теренот се задржа до 60. минута кога беше изваден од игра.

Супер интересно беше на дуелот меѓу Арсенал и Бенфика, првиот меч заврши 1-1. 
 
Обамејанг го отвори резултатот, а на полувремето се замина со 1-1 бидејќи Гонсалвез изедначи ина 1-1.
 
Во 61. минута Силва донесе водство за Бенфика од 2-1, но само шест минути подоцна Тјерни изедначи на 2-2, но и овој резултат ја водеше Бенфика во следното коло.
 
Сепак Обамејанг постигна гол во 87. минута за победа на Арсенал од 3-2 и пласман во осминафиналето одо Лига Европа.

Големо изненадување направии Молде кој со 2-0 го победи Хофенхајм и со вкупн 5-3 оди понатаму.
 
Глазгов Ренџерс со 5-2 го совлада Антверпен и со вкупни 9-5 се пласираше во осминафиналето.
 
Таму ќе биде и Ајакс кој со 2-1 го победи Лил, вкупниот резултат е 4-2, Виљареал го елиминираше Салцбург, победувајќи го со 2-1, вкупно 4-1. Шахтар со 1-0 дојде до нов триумф против Макаби Тел Авив, вкупно 3-0.
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе