Серија А

Елмас го реши големото дерби, со негов гол Наполи го победи Милан (ВИДЕО)

Со гол на Елиф Елмас на почетокот на натпреварот Наполи го победи Милан со 1-0 на Сан Сиро и го скокна на табелата во Серија А. 

Елиф Елмас е херојот на Наполи на големото дерби против Милан, македонскиот фудбалер му донесе триумф на својот тим.
 
Погодокот падна во петтата минута кога по центаршут од корнер на Зиелински, Елмас погоди со глава за водство на Наполи од 1-0 што беше и конечен резултат.
 
Во 90. минута Милан даде гол преку Кеси, но ВАР го поништи поради офсајд од Жиру кој и не играше со топката, но беше во недозволена позиција.
 
Наполи и Милан имаат ист број на бодови, 39, но Наполитанците имаат подобра гол разлика и се на второто место. Прв на табелата е Интер со 43 бодови.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе