Елиф Елмас е херојот на Наполи на големото дерби против Милан, македонскиот фудбалер му донесе триумф на својот тим.
Погодокот падна во петтата минута кога по центаршут од корнер на Зиелински, Елмас погоди со глава за водство на Наполи од 1-0 што беше и конечен резултат.
Во 90. минута Милан даде гол преку Кеси, но ВАР го поништи поради офсајд од Жиру кој и не играше со топката, но беше во недозволена позиција.
Наполи и Милан имаат ист број на бодови, 39, но Наполитанците имаат подобра гол разлика и се на второто место. Прв на табелата е Интер со 43 бодови.