Лига Европа

Елмас го доби дуелот со Велковски, Наполи славеше во Ријека (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 ја совлада Ријека, Елмас го доби дуелот со Велковски, Тотнем немаше проблеми на гостувањето кај Лудогорец каде славеше со 3-1, Рома со 5-0 убедливо го победи Клуж. 

Наполи со пресврт дојде до победа против Ријека. Елмас и Велковски беа стертери на мечот, дефанзивецот го одигра целиот натпревари, а Елиф на теренот беше 60 минути.
 
Ријека одигра добар меч, поведе преку гол на Муриќ, а создаде доволно шанси за да постигна уште некој гол но не успеа. Наполи бавно влезе во натпреварот, но како тој одминуваше беа се подобри. Изедначија преку Деме во 43. минута, а победија со автогол на Браут во 62. минута.
 
Тотнем имаше многу посериозно издание отколку тоа против Андерлехт и со 3-1 го победија Лудогорец. Момците на Мурињо доминираа на теренот, создадоа многу шанси и дадоа три гола. Кејн и Лукас погодија во првото полувреме, Ло Селсо даде гол во вториот дел.
 
Рома со 5-0 го победи Клуж, Мајорал даде два гола, по еднаш погодија Мхитарјан, Ибанез и Педро.
 
Во останатите мечеви кои почнаа од 18:55 беа постигнати следниве резултати: Бенфика - Ренџерс 3:3, Хапоел Бер Шева - Леверкузен 2:4, Лех - Стандард 3:1, Омонија - Гранада 0:2, ПАОК - ПСВ 4:1, Рапид Виена - Дундалк 4:3, Сиваспор - Карабаг 2:0, Славија Прага - Ница 3:2.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе