Македонскиот фудбалер е хит во Италија

Елмас ги импресионираше сите, Инсиње го фали, медиумите почнаа да го викаат „Бејби Модриќ“

Не му требаше многу на Елиф Елмас да ги импресионира сите, наскоро ќе наполни 20 години а игра со самодоверба како да е еден од најискусните играчи на Наполи.

Елиф Елмас изминатиот викенд го имаше својот прв старт во дресот на Наполи, а брзо потоа почнаа да доаѓаат комплиментите од сите страни.
 
Во интервју за италијанските медиуми Лоренцо Инсиње беше запрашан што мисли за новите засилувања на Наполи. Тој имаше посебни пофалби за Елмас.
 
„Не знаев кој е Елмас, но тој веднаш ме импресионираше, толку е млад, а има толку многу квалитети“, вели Инсиње.
 
Локалните медиуми исто така се импресионирани од неговиот талент. Велат дека тој е вистински дијамант, какво што е и значењето на неговото име.
Кориере Дело Спорт го нарече Елмас „Бејби Модриќ“.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе