Сакаат да го донесат уште во јануари

Елмас е топ приоритет на Бенфика, „орлите“ ќе го убедуваат Наполи да го продаде Македонецот

Бенфика во јануари ќе тргне по потписот на Елиф Елмас, новинарот Руи Педро Браз вели дека Македонецот е топ приоритет на „орлите".

Бенфика во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го засили средниот ред, а според новинарот Руи Педро Браз, името на Елиф Елмас е на врвот на листата со желби.

Во емисијата „Маис Бастидореш“ на ТВИ24, тој објасни дека Македонецот е тип на играч каков што му треба на Жорж Жесус, но проблем можат да бидат финансииите.

„Тешко дека Бенфика ќе може да ја плати сумата која ја бара Наполи за Елмас. Се работи за позајмица со опција играчот во целост да биде купен за 20 милиони евра“ - вели Руи Педро Браз.

„Орлите“ во следниот период ќе се обиде да ја намали цената, но тешко дека Наполи ќе направи голем компромис со оглед на тоа дека плати 16 милиони евра за услугите на Елиф Елмас, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.

Исто така, Македонецот неодамна стави потпис на нов договор со трајност до 2025 година.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе