ФФМ ги додели наградите за најдобрите

Елмас е најдобар репрезент на Македонија во странство, Муслиу најдобар фудбалер во македонското првенство

Елиф Елмас ја доби наградата на ФФМ за најдобар македонски фудбалер во странство, Висар Муслиу е најдобар играч за 2019 во домашното првенство. 

На свечена церемонија во Македонскиот народен театар, ФФМ ги додели наградите за најдобрите во изминатата година.
 
Елиф Елмас кој ова лето направи мега трансфер од Фенербахче во Наполи, ја доби наградата за најдобар наш фудбалер во странство.
 
„Среќен сум што ја добивам оваа награда. Веќе трет пат сум дел од најдобрите. Се надевам дека ќе ја оправдам наградата со уште подоби изданија. Би сакал на сите да им ги честитам празниците и да им посакам здравје и среќа во идната година“, изјави Елмас.
 
За најдобар фудбалер во македонското првенство беше прогласен Висар Муслиу кој беше еден од клучните играчи на Шкендија за шампионската титула од минатата сезона. Неговите добри игри му донесоа и трансфер во унгарскиот МОЛ Фехевар.
 
Муслиу во трката за наградата за најдобар фудбалер ги победи Љупчо Дориев од Академија Пандев и Владица Брдаровски од Вардар.
 
Наградата за најдобар тренер ја доби Југослав Тренчовски од Академија Пандев. Тој испиша историја со својот клуб кој го водеше до освојувањето на Купот на Македонија. Тренчовски доби повеќе гласови од Ќатип Османи и Александар Васоски.
 
Влатко Стојановски кој сега е член на Ним ја доби наградата за најдобар стрелец за изминатата сезона, тогаш играше за Ренова. Џамал Ибиши од Вардар е најдобриот млад играч.
 
Најдобрите во македонскиот фудбал за 2019 година:
 
Најдобар репрезент на Македонија во странство: Елиф Елмас (Наполи)
Најдобар фудбалер: Висар Муслиу (Шкендија)
Најдобар тренер: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар стрелец: Влатко Стојановски (Ренова)
Ферплеј екипа: Академија Пандев
Најдобар судија: Марјан Гоцевски
Посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: Ивана Пројковска, ФК Дарданет, Љупчо Перински
Награда за посебен придонес во македонскиот фудбал: Алтрим Чура (Струга Трим Лум), Кочо Анѓушев (Борец)
Најдобар футсал играч: Таулант Измаили (Шкупи 1927)
Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи 1927)
Најдобар младинец: Џемал Ибиши (Вардар)
Најдобар тренер во младинскиот фудбал: Филип Деспотовски (Вардар)
Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон 2014)
Најдобар тренер во женскиот фудбал: Илија Мандаров (Драгон 2014)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Ели Јакоска (СЦ Истатов)
Награда за животно дело: Атанас Костовски
Постхумно признание: Слободан Брацо Вујчиќ
 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе