Голем е интересот за македонскиот репрезентативец

Елмас е мета и на Фиорентина, скаути од повеќе гиганти ќе го следат на дербито со Галатасарај

Покрај шпекулацијата за интерес од Тотнем кои утрово се појавија во турските медиуми, денеска во Италија излезе и вест дека новиот тренер на Фиорентина, Монтела го сака Елмас во својот тим.

Елиф Елмас постојано се поврзува со големите европски клубови, денеска се пишуваше за дури два. По Тотнем, сега велат дека тој е мета и на Фиорентина.
 
„Спорт Вирџило“ пишува дека Монтела во Елмас гледа големо засилување за средниот ред на Фиорентина.
 
Големиот интерес ја зголемува и цената на Елмас, па Фенербахче трие раце и се надева дека за голема сума ќе го продаде македонскиот репрезентативец.
 
Престојниот викенд се игра големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај, најавени се скаути од повеќе европски клубови меѓу кои и на Фиорентина, Лацио и Зенит.
 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе