четврток, 25 април 2024

Изненадување, Мајами победи во Бостон (ВИДЕО)

Мајами го шокираше најдобриот тим во лигата од регуларниот тек на сезоната, тимот на Бостон откако го победи на негов терен со 111-101 и изедначи на 1-1 во серијата.

Објавено на

часот

Сподели

Главен адут во победата на Мајами беше шутот за тројка, постигнаа дури 23 тројки од 43 шута, а во второто полувреме одиграа и одлична одбрана, му дозволија на Бостон да постигне само 40 поени.

Во регуларниот дел од сезоната Бостон беше најдобриот тим, посебно импресивни беа на свој терен каде имаа само четири порази на 41 меч, но сега веќе во вториот дуел ја загубија предноста на домашен терен.

Мајами одигра тимски, Хироу постигна 24 поени, по 21 дадоа Адебајо и Мартин. Во составот на Бостон, Браун постигна 33 поени, а Тејтум 28.

Следните два меча од серијата се играат во Мајами.

Резултати:
Бостон – Мајами 101-111 (1-1)
Оклахома – Њу Орлеанс 124-92 (2-0)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ