Одлична партија на Македонецот

Елмас доби шанса од првата минута и импресионираше во победата од 2-0 на Наполи (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер против Сампдорија и пружи одлична партија со неколку добри потези во победата на Наполи од 2-0 во третото коло од Серија А.

Елиф Елмас за прв пат беше стартер во дресот на Наполи во Калчото, Македонецот вечерва доби шанса од првата минута против Сампдорија.

Тој пружи одлична партија, доби неколку дуели на средината од теренот, ги проигруваше соиграчите а имаше и две шанси за гол, кои за жал не ги искористи.

Во првата прилика од убава позиција лошо ја закачи топката со лева и биеше крај стативата, додека во втората сам си направи простор со добар дриблинг но неговиот обид заврши директно во гостинскиот голман.

Наполи славеше со 2-0 со двата гола на Мертенс. Белгиецот го отвори резултатот во 13. минута на асистенција на Ди Лоренцо, а потоа во 67. минута од мечот по втор пат ја затресе мрежата на гостите.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе