Куп на Италија

Елмас доби шанса од клупата, Наполи ќе брка финале во Бергамо (ВИДЕО)

Наполи и Аталанта одиграа 0-0 во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија, гостите беа подобар противник, креираа неколку добри шанси но немаа завршница.

Наполи за прв пат по 2013 стартуваше меч со тројца централни дефанзивци, Џенаро Гатузо се реши за подефанзивен пристап против Аталанта, играше на нерешено, го доби тоа, па финалистот ќе се одлучува на реваншот во Бергамо за седум дена.

Гостите беа подобар противник и можат да жалат што одиграа 0-0 откако креираа неколку убави шанси. Оспина во три наврати беше на висината на задачата, ги одбрани обидите на Песина, Муриел и Запата а имаше и среќа кога дефанзивецот Толои се најде во гол шанса но биеше очајно крај голот.

Елиф Елмас шанса доби во второто полувреме, влезе во игра во 66. минута на местото на повредениот Деме.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе