Серија А

Елмас доби половина час и изнуди црвен, Наполи и Милан одиграа возбудливо реми (ВИДЕО)

Наполи и Милан ги поделија бодовите во возбудлив меч со четири погодока, нашиот Елиф Елмас одигра половина час и успеа да изнуди црвен картон.

Без победник на дербити помеѓу Наполи и Милан. Гостите поведоа, домаќините направија целосен пресврт но „росонерите“ со гол од пенал избегнаа пораз. 

Резултатот беше отворен во 20. минута, Ребиќ нафрли на подалечната статива а Тео Ернандез погоди за 0-1. 

Наполи изедначи во 34. минута од мечот, по еден прекин, Ди Лоренцо се снајде најдобри и рутински ја затресе мрежата за 1-1. 

По еден час игра, избраниците на Гатузо направија целосен пресврт. Мертенс биеше, топката закачи еден дефанзивец и мина низ нозете на Донарума за 2-1. 

И покрај тоа што Наполи беше подобар противник, една несмасна реакција на Максимовиќ значеше пенал за Милан, а Кеси од белата точка донесе 2-2 во 73. минута од мечот. 

Нашиот Елиф Елмас доби половина час, Македонецот се најде во неколку прилики, еднаш беше изблокиран, а вториот пат врз него имаше старт на раб на пенал, но ниту судијата се огласи ниту пак ВАР. Во финишот од мечот изнуди и црвен картон, Салемакерс беше испратен во соблекувална поради два жолти картони.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе