Македонецот повторно беше стартер

Елмас доби нова улога и едно полувреме, Барса го наполни голот на Наполи (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер и на вториот натпревар против Барселона, овој пат доби нова улога, „каталонците" го наполнија голот на Наполи и славеа со убедливи 4-0.

Барселона и Наполи го одработија и вториот пријателски натпревар во САД и ги одмерија силите во Мичиген. Елиф Еламс одново беше стартер, но сега доби поинаква улога.

За разлика од натпреварите против Марсеј и оној првиот со Барса во Мајами, Македонецот сега имаше поофанзивни задолженија. Наполи не беше посебно расположен за надигрување, па и Елиф Елмас беше неприметен.

Тој беше повлечен од игра на паузата, при резултат 0-0, и потоа од клупата за резерви гледаше како Барса го полни голот на Наполи.

„Каталонците“ отворија фуриозно во продолжението од мечот, Саурез погоди за 1-0 во 48. минута, потоа по една убава акција Гризман рутински реализираше за 2-0.

Суарез прекрасно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 3-0, а Дембеле прецизно по земја биеше за 4-0 во 63. минута од мечот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе