Серија А

Елмас дебитираше во Серија А, Наполи ја победи Фиорентина во меч со седум гола (ВИДЕО)

Елиф Елмас ги одигра првите минути во Серија А во луд натпревар на Артемио Франки каде Наполи со 4-3 ја победи Фиорентина.

Фиорентина и Наполи одиграа одличен натпревар со пресврти, на победата на крајот се радуваа гостите.
 
Елиф Елмас во игра влезе во 72. минута кога веќе беше поставен конечниот резултат. Нашиот фудбалер се покажа во одлично издание иако Наполи до крајот гледаше да ја задржи топката. Македонскиот фудбалер не направи ниту една грешка, а имаше повеќе кратки додавања. Покажа игра со голема самодоверба иако натпреварот беше далеку од решен.
 
Натпреварот почна одлично за домаќините, со гол на Пулгар од пенал во деветата минута дојдоа до водство од 1-0.
 
Наполи со убав гол на Мертенс во 38. минута го изедначи резултатот на 1-1, а пет минути подоцна Инсиње од пенал погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1.
 
По седум минути игра во второто полувреме Миленковиќ изедначи на 2-2, но Каљехон во 56. минута го врати водството на Наполи, овој пат од 3-2.
 
Во 65. минута убав гол на Боатенг од далечина за ново изедначување, но две минути подоцна по една одлична акција Инсиње погоди за 4-3, тоа беше и конечниот резултат.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе