Лига на шампиони

Елмас дебитираше во ЛШ, Наполи го победи Ливерпул (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со само 19 години дебитираше во Лигата на шампионите во меч против европскиот шампион, Наполи со 2-0 го совлада Ливерпул.

Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул, во игра влезе при резултат 0-0, а додека тој беше на теренот италијанскиот тим дојде до победата.
 
Клучниот момент се случи на десет минути пред крајот кога судијата покажа пенал по фаул врз Каљехон, можеби престрого досуден, но тоа не му пречеше на Мертенс да постигне гол од белата точка за водство на Наполи од 1-0.
 
Во судиското продолжение грешка на Ван Дајк во одбраната на Ливерпул, Љоренте го искористи тоа и рутински ја смести топката во мрежата на Адриан за победа на Наполи од 2-0.
 
На вториот дерби натпревар вечерва немаше голови, Борусија Дортмунд и Барселона одиграа 0-0, но возбудувања имаше. Најголемото се случи во 57. минута кога Марко Ројс не реализираше пенал, неговиот удар го одбрани Тер Штеген.
 
Валенсија го победи Челси на Стемфорд Бриџ со 1-0 со гол на Родриго. Баркли во финишот на мечот промаши пенал.
 
Ајакс со 3-0 го совлада Лил, Лајпциг со 2-1 славеше на гостувањето кај Бенфика. Најефикасно беше во Австрија каде Салцбург со 6-2 го победи Генк.
 
Претходно Интер и Славија Прага одиграа 1-1, со тој резултат заврши и мечот меѓу Лион и Зенит.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе