Серија А

Елмас даде гол, Наполи победи со десет фудбалери! (ВИДЕО)

И покрај тоа што од 23. минута играше со фудбалер помалку, а и промаши пенал, Наполи со 2-0 ја победи Венеција, Елиф Елмас постигна гол. 

Натпреварот тргна лошо за Наполи, во 23. минута Осимен наседна на провокација, удри противнички играч и заработи црвен картон, домаќинот остана со фудбалер помалку.
 
По десет минути игра во вториот дел Инсиње не реализираше пенал, но брзо се поправи. Шест минути подоцна го постигна водечкиот гол за Наполи.
 
Во 73. минута нашиот Елиф Елмас со убав погодок го постави конечниот резултат од 2-0.
 
Елмас мечот го почна од клупата, но влезе во игра уште во 35. минута поради повреда на Зиелински кој мораше да го напушти теренот.
 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе