Голем интерес за Македонецот

Елмас блесна на дербито помеѓу Фенер и Галата пред очите на скаути на седум големи клубови

Како што пишуваат медиумите од Турција, големото дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај го следеле скаути на седум големи европски клубови, Елиф Елмас влегол во нотезот на Лацио, Фиорентина и Тотнем.

Македонецот синоќа доби шанса од првата минута на големото дерби со локалниот ривал Галатасарај и укажаната прилика ја искористи на најдобар можен начин.

Елиф Елмас прикажа одлична партија и постигна убав гол со кој донесе бод за Фенербахче, кој играше со играч помалку цело второ полувреме.

Новинарот Волкан Демир од весникот Сабах утрово пренесе дека на трибините на „Шукру Сарачоглу“ имало скаути на седум големи клубови.

Свои преставници на дербито имале Лацио, Фиорентина, Дортмунд, Марсеј, Монако, Севиља и Тотнем.

Елиф Елмас влегол во нотезите на Лацио, Фиорентина и Тотнем, клубови со кои често се поврзуваше изминатиов период.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе