Бараж за пласман на СП

Елмас: Ако се пласираме на Светско, ќе направам една голема торта на плоштад

Најголемата ѕвезда на македонската репрезентација во моментов, Елиф Елмас вети дека ќе направи голема торта доколку Македонија се пласира на Светското првенство во Катар.

Елиф Елмас има големи заслуги што Македонија стигна до баражот, за жал поради жолти картони тој нема да може да игра на мечот со Италија.
 
Познато е дека семеен бизнис на семејството Елмас е слаткарницата Мандарина. Елиф знае да подготвува слатки, а во видео репортажата која ја направи УЕФА, тој вети дека ќе направи голема торта на плоштадот доколку Македонија се пласира на Светското првенство во Катар.
 
„Дај боже да се пласираме на Светското првенство, со задоволство, без проблем ќе направам торта. Ако треба на плоштадот ќе направам голема торта, само да се пласираме“, рече Елмас.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе