Куп на Италија

Елиф Елмас вечерва ќе се бори за својот прв трофеј во Италија

Наполи и Елиф Елмас вечерва се среќаваат против Јувентус во финалето од Купот на Италија кое се игра на Олимпико во Рим.

Вечерва со почеток од 21 часот Наполи и Јувентус ќе ја почнат битката за трофејот од Купот на Италија.

Елиф Елмас по трансферот во Наполи прв пат се наоѓа во позиција да се бори за трофеј.

Тој беше стартер во полуфиналето против Интер, но според италијанските медиуми вечерва Елмас ќе почне од клупата за резерви.

Местото на македонскиот репрезентативец ќе го земе Фабиан Руиз кој се мачеше со повреда, но сега е комплетно фит за настап.

Против Интер Руиз влезе од клупата за резерви иако вообичаено тој има место во стартниот тим.

Како и да е се очекува Елиф Елмас да игра вечерва на Олимпико без разлика колку минути ќе има. Натпревар во кој може да се освои трофеј има поголема тежина од обичен меч, македонскиот фудбалер сигурно ќе има голема мотивација да даде свој придонес вечерва и да остави силен впечаток.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе