Се можеше да биде поинаку доколку во 33. минута Бензема не промашеше пенал и му донесеше водство на Реал Мадрид.
Казната за нереализираната шанса стигна во 42. минута кога Боје постигна гол за водство на Елче од 1-0.
Реал Мадрид со сите сили се обидуваше да ја анулира негативата, но наместо тоа, Миља во 76. минута го зголеми водството на Елче на 2-0.
Конечно во 82. минута Реал Мадрид постигна гол, стрелец беше Лука Модрич.
Течеше 92. минута кога по асистенција од Винисиус Жуниор, Милитао даде гол за конечни 2-2.