СП 2022

Еквадор го победи Катар на стартот од СП, два гола на Валенсија (ВИДЕО)

Еквадор со победа од 2-0 над домаќинот Катар тргна на Светското првенство, капитенот Енер Валенсија беше херојот на јужноамериканската репрезентација. 

Катар имаше разочарувачки настап на почетокот на Светското првенство, Еквадор покажа дека има повеќе квалитет и заслужено дојде до стартните три бода.
 
Еквадор во текот на целиот меч беше подобар противник, а доминацијата ја најави уште во третата минута кога Валенсија постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд.
 
Сепак, во 15. минута голманот Сад направи пенал врз Валенсија, капитенот на Еквадор го реализираше ударот од белата точка и донесе водство од 1-0.
 
 
Во 31. минута Веленсија повторно стапи на сцена, постигна гол со глава за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.
 
 
Еквадор рутински ја задржа предноста, а Катар тешко создаваше шанси за да се врати во мечот.
 
Утре се игра вториот меч од оваа групата, Сенегал против Холандија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе