Македонецот добил конкретен предлог

Еилф Елмас одбил преселба на „островото“ и трансфер во Кардиф?!

Медиумите од Турција пренесуваат дека Елиф Елмас можел да се пресели на „островото“, имал конкретен предлог од Кардиф, но Македонецот кажал НЕ.

Името на Елиф Елмас често е во трансфер гласините на медиумите од Турција, последните информации велат дека тој имал прилика да се пресели во Премиерлигата.

Во минатото неговото име се поврзуваше со клубови како Лестер, Тотнем и Манчестер Сити, но конкретна понуда пристигнала од Кардиф. Сепак, Македонецот го одбил овој предлог.

Фенер се мачи во првенството оваа сезона, а и Елиф Елмас не успева да го прикаже најдоброто од себе. Но тоа може да се промени во следните месеци.

Популарниот „дијамант“ блесна за Македонија против Летонија и постигна два гола во квалификациите за Европското првенство. Оваа извонредна партија му се допаднала на тренерот Ерсун Јанал кој ќе му обрне посебно внимание на фудбалерот по неговото враќање во Истанбул, и ќе се обиде да изнајде решение со кое Елиф Елмас ќе почне да игра на виско ниво и за Фенербахче.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе