Квалификации за СП 2022

Ех, да одигравме вака и во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација одигра идеален меч во Ереван, ја наполнивме мрежата на Ерменија и ги задржавме шансите за бараж за СП, но тие се мали. 

Со три гола на Енис Барди и по еден на Трајковски и Милан Ристовски, Македонија со 5-0 победи на гостувањето кај Ерменија, на теренот на кој обично ние бевме тие кои го напуштаат со наведната глава.
 
Го одигравме најдобриот меч под водство на селекторот Благоја Милевски и покажавме дека потенцијалот на оваа селекција е многу поголем од резултатите кои ги имавме на минатите натпревари.
 
А има за што да жалиме, и тоа за еден натпревар. Но кога видовме како вечерва ја доминиравме Ерменија на нејзин терен, прво ни доаѓа прашањето зошто не го направивме тоа и во Скопје? Да одигравме барем половина од тоа што го покажавме денеска во Ереван, приказната ќе беше друга.
 
Најмногу може да жалиме за ремито во Рејкјавик каде до пред крајот водевме со 2-0 против Исланд, но по еден несфатлив пад во финишот освоивме само бод, натпреварот заврши 2-2.
 
Ќе беше друго и ако ја победевме Романија во Скопје, доминиравме и на тој натпревар, но и тој заврши нерешено. Сега Романците се во пол позиција за тоа второ место, само ако направат голем кикс може да излеземе пред нив на табелата.
 
Тие вечерва го пречекуваат Исланд, во недела гостуваат кај Лихтенштајн, нас ни останува да се надеваме дека нема да победат на еден од овие два натпревари.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе