Евролига

Ларкин со историска партија, Ефес го „растури“ Фенер и за прв пат ќе игра финале во Евролигата!

Анадолу Ефес е првиот финалист во Евролигата откако вечерва славеше против градскиот ривал Фенербахче со убедливи 92-73.

Изненадување во првиот меч од Ф4, Анадлу Ефес се прикажа во одлично светло, го „растури“ Фенербахче и за прв пат ќе игра финале во Евролигата.

На крилјата на извонредниот Ларкин, кој прикажа партија каква што се нема видено до сега на завршниот турнир, избраниците на Атаман славеа со убедливи 92-73.

По една израмнета прва четвртина, Ефес почна да диктира темпо во вторите 10 минути и на пауза замина со +5 (45-40). Фенер тешко фаќаше ритам, па „сините“ го добија и третиот период и стигнаа до двоцифрена предност (68-57).

Во последните 10 минути, наместо неизвесност и возбудлива завршница, Анадолу продолжи да го полни кошот на противникот и за кратко време стигна и до +20 па брзо стана јасно кој ќе биде првиот финалист.

Ларкин мечот го заврши со 30 поени, а придодаде и 7 асистенции и 7 скокови. Од голема помош му беше Мициќ, кој реализираше 25 поени.

Во редовите на Фенернахче, Весли постигна 14 поени, Грин имаше 13 а Калиниќ 12 поени.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе