Статистика по две одиграни кола без гледачи

Ефектот на навивачите: Гостите во Бундеслигата сега многу полесно победуваат

Во Бундеслигата се комплетираа две кола кои беа одиграни по протоколот поради пандемијата од Ковид-19, паѓа во очи леснотијата со која гостите освојуваат бодови. 

EPA-EFE/KARSTEN RABAS
Ако се анализираат резултатите од двете кола кои се одиграа во Бундеслигата без публика, ќе се дојде до заклучок дека домашниот терен веќе не е некоја предност.
 
Од вкупно 18 одиграни натпревари само три завршиле со победа на домаќините. Борусија Дортмунд го совлада Шалке со 2-0, Херта со 4-0 беше подобра од Унион Берлин, а Баерн Минхен со 5-2 го победи Ајнтрахт.
 
Гостите на победа се радуваа дури десет пати, а пет мечеви завршија нерешено.
 
Статистиката вели дека пред паузата поради коронавирусот оваа сезона домаќините победувале на 43,3% од натпреварите, а гостите на 34,8%.
 
По продолжувањето на сезоната домаќините победиле на само 16,7% од натпреварите додека гостите на 55,5%.
 
Времето ќе покаже дали овој тренд е само случајност или кога се игра без публика домаќините навистина немаат никаква предност од играњето на својот стадион.
 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KARSTEN RABAS

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе