Премиерлига

Ефектот на Анчелоти, Евертон прв пат оваа сезона врза две победи по ред (ВИДЕО)

Карло Анчелоти се радува на победа и во својот втор натпревар како тренер на Евертон, овој пат неговиот нов тим победи на гостувањето кај Њукасл со 2-1. 

По триумфот над Барнли на домашен терен, Евертон победи и на гостински кај Њукасл. Прв пат оваа сезона во Премиерлигата врзуваат две победи по ред.
 
Резултатот го отвори Калверт Луин откако најдобро се снајде во шеснаесетникот на противникот во 13. минута, Евертон поведе со 1-0.
 
По десетина минути игра во вториот дел, сличен погодок постигна Шар и го изедначи резултатот на 1-1.
 
Но овој резултат не траеше долго, во 64. минута по асистенција од Ришарлисон, Калвер Луин повторно постигнува гол, овој пат за победа од 2-1.
 
Во останатите мечеви од Премиерлигата кои се играа од 16 часот, Вотфорд со 3-0 ја победи Астон Вила, Саутемптон и Кристал Палас одиграа нерешено 1-1.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе