Едукација и забава за 200 јуниори на Спорт Лајф

За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на Sport Life, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – Спорт Лајф Јуниор ден. 

Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во Спорт Лајф обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет. Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел,  децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина. Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.
 
„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан“ – истакнуваат од Спорт Лајф.
 
 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе