Серија А

Едно блескаво полувреме на Рома доволно за победа над Емполи (ВИДЕО)

Рома со 4-2 победи на гостувањето кај Емполи благодарение на одличното прво полувреме во кое ги дадоа сите голови, тимот на Мурињо одигра лошо во вториот дел. 

Рома го одигра можеби најдоброто прво полувреме оваа сезона во Серија А, но потоа следуваше опуштање во вториот дел кое можеше да биде со непријатен крај.
 
Рома во период од 13 минути во првиот дел успеа да постигне четири гола. Абрахам погоди во 24. и 33. минута за предност од 2-0. Оливеира во 35. и Заниоло во 37. минута реализираа за предноста на волчицата од 4-0.
 
И покрај негативата, Емполи не се предаваше, во вториот дел излезе со амбиција да направи чудо. Во 55. минута Пинамонти намали на 4-1, а во 72. минута Бајрами погоди за 4-2.
 
Рома иако играше нервозно по примените голови, некако успеа да го приведе мечот до крајот и да ги освои трите бода.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе