Рома го одигра можеби најдоброто прво полувреме оваа сезона во Серија А, но потоа следуваше опуштање во вториот дел кое можеше да биде со непријатен крај.
Рома во период од 13 минути во првиот дел успеа да постигне четири гола. Абрахам погоди во 24. и 33. минута за предност од 2-0. Оливеира во 35. и Заниоло во 37. минута реализираа за предноста на волчицата од 4-0.
И покрај негативата, Емполи не се предаваше, во вториот дел излезе со амбиција да направи чудо. Во 55. минута Пинамонти намали на 4-1, а во 72. минута Бајрами погоди за 4-2.
Рома иако играше нервозно по примените голови, некако успеа да го приведе мечот до крајот и да ги освои трите бода.