Нови сериозни обвинувања

„Една недела пред да почине, Марадона паднал и си ја удрил главата но никој не го однел во болница!“

Адвокат на една од медицинските сестри кои се грижеле за Диего Марадона, откри дека легендата на Аргентина паднал и си ја удрил главата една недела пред да почине, но никој не го однел во болница.

Околностите под кои почина Диего Марадона и понатаму се топ тема. Полицијата отвори истрага за убиство без умисла против личниот доктор Леополдо Луке, кој пак негира дека сторил нешто погрешно. 

Сега се огласи адвокатот на една од медицинските сести кои се грижеле за Диего Марадона. Тој откри дека легендата на Аргентина паднал и си ја удрил главата една недела пред да почине, но никој не го однел во болница. 

„Неколку дена пред да почине, Марадона паднал и си ја удрил главата. Ударот не бил многу силен и бил на десната страна (операцијата беше на левата страна). Веднаш го подигнале, но никој не се јавил во болница, не се направени МРИ и КТ снимки. Веројатно Марадона така сакал, но тој не бил способен да носи вакви одлуки“ - вели Родолфо Баке, адвокат на медицинската сестра Дијана Мадрид. 

Тој потоа посочува на уште една грешка: „Oбрнале внимание на зависноста од алкохол, ама изгледа заборавиле да внимаваат на неговото срце. Ден пред да почине имал пулс од 109, ден претходно имал 115... а добро знаеме дека луѓето со кардиоваскуларни проблеми не треба да имаат пулс поголем од 80. Телото на Марадона предупредувало дека има некаков проблем, но не му дале ниту еден лек!“ 

„Марадона можеше да биде лекуван во најлусузниот центар за рехабилитација, но наместо тоа го чувале на место каде не добивал соодветна грижа и нега. Доколку беше згрижен во соодветна установа, веројатно сега ќе беше жив“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе