„Граѓаните“ не се откажуваат од Аргентинецот

Една година прави голема разлика, Сити сега на Меси му нуди договор кој вреди 170 милиони помалку

Според пишувањата на Сан, Манчестер Сити доставил нова понуда до Лео Меси, „граѓаните" сега на маса ставиле околу 430 милиони фунти, што е за 170 милиони фунти помалку од предлогот кои го подготвиле пред почетокот на сезоната.

Манчестер Сити не се откажува од Лео Меси, но Аргентинецот ќе мора да прифати помала плата. Како што пренесува Сан, „граѓаните“ сега на маса ставиле петгодишен договор вреден 430 милиони фунти.

Ова е за 170 милиони фунти помалку од предлогот кој Манчестер Сити го подготвил пред почетокот на сезоната кога Лео Меси испрати итен допис и побара да замине од Камп Ноу. Тогаш „граѓаните“ на Аргентинецот му ветуавле 600 милиони фунти.

Идејата е Лео Меси да одигра две сезони во Манчестер Сити, да има опција за трета сезна на Етихад и потоа две години да го носи дресот на Њујорк Сити.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе