Срамна епизода од соблекувалната

Еден од најголемите таленти на Ница е пред отказ, од соиграч украл часовник вреден 70.000 евра

Ница е во центарот на вниманието поради срамна епизода, Ламин Дијаби Фадига од соблекувалната украл часовник вреден 70.000 евра во сопственост на Каспер Долберг.

Еден од најголемите таленти на Ница, 18 годишниот Ламин Дијаби Фадига може да добие отказ. Младиот напаѓач од соблекувалната украл часовник вреден 70.000 евра во сопственост на големото летно засилување Каспер Долберг.

Данецот минатиот понеделник по крајот на тренингот ја известил управата на клубот дека му го нема вредниот предмет. Ница не реагирала брзо, па Каспер Долберг целиот случај го пријавил во полиција.

Л’Екип денеска пренесе дека бил пронајден крадецот, и осомничен е Ламин Дијаби Фадига. АФП пак додаде дека младиот Французин попладнево, во придружба на адвокати, признал дека го земал часовникот, им се изивинил на тренерот Патрик Виеира и на Каспер Долберг, на кого исто така му ветил дека во целост ќе му ја врати сумата од 70.000 евра, колку што вреди часовникот.

Нејасно е само каква ќе биде иднината на Диjаби Фадига, веќе е отворена дисциплинска постапка и големи се шансите тој да добие отказ.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе