Серија А

Еден куп стативи и два поништени гола, Интер го доби возбудливото дерби со Милан (ВИДЕО)

Интер славеше во пресметката со градскиот ривал Милан, Брозовиќ и Лукаку се погрижија „нероаѕурите" да ги освојат трите бода и да го задржат 100% учинок на стартот од сезоната.

По разочарувачкото реми против Славија Прага во Лигата на шампионите, Интер се рехабилитираше со триумф во Серија А и тоа во дербито на Милано.

На полувреме се замина со почетните 0-0 и покрај тоа што два пати се тресеа мрежите. Пјонтек погоди за Милан но голот беше поништен поради играње со рака на Кеси, а на спротивната страна Лаутаро Мартинез реализираше но беше подигнато знаменцето за офсајд. Двата тима имаа уште по неколку добри прилики, Донарума го одбрани ударот на Лукаку, Д'Амброзио ја погоди стативата, а Сусо одлично повлече една контра но беше себичен во завршницата и дозволи да биде изблокиран.

Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел кога Брозовиќ биеше од работ на шеснаесетникот а топката го погоди Леао, го измами Донарума и заврши во долниот лев агол. Славјето на „нероаѕурите“ на момент беше прекинато откако помошникот сугерираше офсајд, Лаутаро беше во недозволена ситуација, но по прегледување со ВАР, судијата Довери покажа кон центарот бидејќи Аргентинецот не влијаеше на акцијата.

По водството на Интер, иницијативата ја превзеде Милан, но домаќините не можеа посериозно да се заканат по голот на Хандановиќ.

Во 78. минута Интер поведе со 0-2. По една добра акција, Барела нафрли а Лукаку со глава биеше неодбранливо.

Политано можеше да донесе 0-3, но неговиот удар заврши во пречката. На спротивната страна Тео Ернандез можеше да ја направи завршницата возбудлива, но и тој ја погоди рамката од голот. Во последните мигови од мечот, статива погоди и Кандрева.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе