Премиерлига

Еден гол, три големи бода за Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул со гол од пенал на Салах победи на гостувањето кај Брајтон и освои три значајни бода во битката за титулата во Премиерлигата.

На Ливерпул само еден погодок му беше доволен да дојде до целиот плен од гостувањето кај Брајтон.
 
Клучниот момент се случи по пет минути игра во второто полувреме кога Салах постигна гол од пенал за водство и победа на Ливерпул од 1-0.
 
Ливерпул сега има седум бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола во понеделник го игра својот меч кога го пречекува Волвс на Етихад.
 
Во останатите натпревари во Премиерлигата кои почнаа од 16 часот, Барнли со 2-1 го победи Фулам, со истиот резултат славеше Ватфорд кај Кристал Палас како и Саутемптон кај Лестер. Немаше погодоци на дуелот меѓу Кардиф и Хадерсфилд.
 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе