МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ХРАБРО ГИ БРАНЕА БОИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА

Еден бод и четири постигнати гола за Македонија на првото, историско Европско првенство (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Полска со денешниот пораз од Португалија, нашите момци не разочараа на својот историски настап на големите натпреварувања.

Хероите на Благоја Милевски го завршија настапот на Европското првенство, конечниот исход е еден освоен бод, четири дадени голови и дури 11 примени.
 
Нападот го одржа нивото од квалификациите, но на овои натпревари потфрли одбраната која прими дури 11 голови на три одиграни натпревари.
 
Македонија одигра одличен натпревар на стартот од шампионатот против Шпанија, но дуелот го завршивме со полна мрежа на Алексовски кој дури пет пати ја вадеше топката од позади линијата.
 
На вториот натпревар против Србија не блескавме, но бевме на чекор до победа откако со гол на Ѓорѓев поведовме со 2-1, но во 90. минута пропуштивме триумф. Претходно, првиот гол за Македонија на Европските првенства го постигна Енис Барди од пенал.
 
На денешната последна претстава, Македонија загуби од Португалија со 4-2. Противникот беше подобар противник, но нашите фудбалери уште еднаш презентираа максимална борбеност која не им дозволи на Португалците да излезат пред Словачка во битката за најдобро второпласирана репрезентација.
 
Енис Барди уште еднаш покажа дека е најдобар македонски фудбалер на ова Европско првенство, а последниот гол за Македонија беше дело на Кире Маркоски.
 
На крајот може да кажеме дека одигравме задоволително Европско првенство, во кое покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите, извлековме искуство од кое македонскиот фудбал може да има голема корист, подлога која треба да ја надградуваме.
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе