Се прибираат средства за мега трансфер

Ед Вудворд има план како да му ја исполни желбата на Солшер, продава шест фудбалери за да го купи Санчо

Според пишувањата на Атлетик, „ѓаволите" планираат да го финансираат мега трансферот на Џејдон Санчо преку продажба на шест фудбалери.

Талентираниот Англичанец е цел број 1 на Манчестер јунајтед ова лето, но Борусија Дортмунд сака убаво да наплати и бара околу 120 милиони евра.

Оваа сума е прилично висока во денешни услови поради пандемијата на коронавирус, па „ѓаволит“ ќе треба да жртвуваат неколку фудбалери.

Според пишувањата на Атлетик, планот е мега трансферот да се финасира преку продажба на шестмина. Се работи за Алексис Санчез, Маркос Рохо, Фил Џонс, Крис Смолинг, Џеси Лингард и Диего Далот.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе