Тотнем

Џо Харт е пред потпис со Тотнем, голманот повторно ќе биде во голем клуб, но колку ќе брани?

Џо Харт денеска ги поминува медицинските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договор со Тотнем, тој таму оди како слободен агент. 

Поранешниот англиски репрезентативец ја заврши авантурата во Барнли и одлучи повторно да стане член на голем клуб. 
 
Харт ќе потпише за Тотнем, но речиси никој не очекува тој да има некоја поголема улога во тимот.
 
Неприкосновен меѓу стативите кај Мурињо и понатаму ќе биде Хуго Лорис кој е и капитен на тимот.
 
Харт два пати ја освои Премиерлигата со Манчестер Сити, но во последните години се мачи со формата.
 
Тој има 75 настапи за англиската репрезентација, но минатата сезона ниту во Барнли не беше прва опција. Велеше дека ќе бара клуб каде што ќе има поголема минутажа на теренот, но тоа сигурно не е Тотнем.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе