Англичанецот конечно донесе одлука

Џеси Лингард доби плата која не се одбива и направи неочекуван избор

Џеси Лингард реши да ја продолжи кариерата во Нотингем Форест, Англичанецот прифатил договор со неделна плата од околу 200.000 фунти.

Џеси Лингард доби неолку понуди откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, Вест Хем и Њукасл се посочуваа како најсериозни опции, но вечерва пристигна информација дека Англичанецот решил кариерата да ја продолжи во Нотингем Форест.

Новајлијата во Премиерлигата успеа да стигне до потписот на Џеси Лингард откако на маса стави богат договор.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, се работи за неделна плата од околу 200.000 фунти неделно, или нешто над 10 милиони фунти по сезона.

Само за споредба, ниту еден фудбалер во Серија А нема вакви примања, ниту повратниците Ромелу Лукаку и Пол Погба.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе