Македонецот ќе игра фудбал и следната сезона

Џенова ќе му понуди на Пандев нов договор

Состојбата со корновирусот индиректно ќе му донесе нов договор на Горан Пандев со Џенова. 

Капитенот на македонската репрезентација планираше кариерата да ја заврши оваа сезона по крајот на Европското првенство.
 
Негова желба беше да заигра со Македонија на Европско првенство по што ќе ги „обеси копачките“.
 
Но одложувањето на Европското првенство за 2021 ќе го пролонгира и крајот на кариерата на Горан Пандев за една година.
 
Иако важи за ветеран, Горан Пандев е најдобар играч на Џенова оваа сезона, па клубот планира да му понуди уште еден едногодишен договор на Македонецот.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе