Серија А

Џенова и Пандев храбро се бореа против шампионот, Роналдо од пенал во 95. минута донесе победа (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова беа блиску до бод на гостувањето кај шампионот на Италија но Кристијано Роналдо изнуди и погоди пенал во последните мигови од мечот за победа од 2-1 на Јувентус.

Горан Пандев со капитенската лента на рака ја предводеше Џенова до одличен меч на гостувањето во Торино. Избраниците на Мота одлично му се спротивставија на Јувентус и го намачија шампионот на Италија. Беа на прагот на голем бод и покрај тоа што повеќе од половина час играа со играч помалку, но потклекнаа во финишот, Кристијано Роналдо од пенал во 95. минута донесе триумф од 2-1 за „старата дама“.

Бонучи го отвори резултатот во 36. минута од мечот, дефанзивецот највисоко скокна по еден корнер и погоди за 1-0. Пет минути подоцна, Куаме изедначи со мошне среќен гол. Напаѓачот биеше од врвот на шеснаесетникот, ја погоди својата лева нога и го измами Буфон за 1-1.

На стартот од вториот дел, Касата доби втор жолт картон, па гостите останаа со играч помалку. Но и покрај тоа, Јувентус се мачеше да креира 100% шанса. Во финишот силите на теренот беа изедначени откако Рабио набрзина заработи два жолти картони.

Во завршницата се случуваше драма откако Роналдо погоди за 2-1 но само голот да биде поништен поради офсајд, но веднаш потоа беше свирнат пенал за домаќините а ЦР7 прецизно биеше од белата точка за победа и враќање на врвот  на табелата.

На останатите натпревари од 21 часот, Каљари со 3-2 ја совлада Болоња, Лацио со 4-0 триумфираше над Торино, Рома со 0-4 славеше на гостувањето кај Удинезе, Фиорентина со 1-2 победи кај Сасуоло, а мечот помеѓу Сампдорија и Лече финишираше 1-1.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе