Џенова со победа над Сасуоло или ако Лече не триумфираше уште вечерва ќе обезбедеше опстанок, но тоа не се случи.
Пандев беше стартер на мечот со Сасуоло и одигра до 72. минута кога при негатива од 3-0 беше изваден од игра. Кратко пред да излезе нашиот фудбалер постигна и гол но му беше поништен поради офсајд на играчот кој му ја додаде топката.
Конечниот резултат беше 5-0, тежок пораз за Џенова која ќе мора да брка триумф во последното коло против Верона.
Несторовски не успеа да му помогне на Пандев да обезбеди опстанок уште вечерва. Македонецот го одигра целиот меч, даде гол кој му беше поништен поради офсајд.
Удинезе поведе со гол на Самир, но Лече го сврте мечот, Манкозу од пенал изедначи на 1-1, а Лападула на десет минути пред крајот донесе триумф.
Во последното коло Лече ја пречекува Парма, мора да го добијат овој натпревар но и да се надеваат дека Џенова нема да победи против Верона.
Милан со 4-1 победи на гостувањето кај Сампдорија и ја продолжи импресивната форма. Со овој триумф обезбеди место во Лига Европа, дилемата е само дали ќе игра квалификации или ќе успее до крајот да ја помине и Рома па да оди директно во групната фаза.
Одличен меч имаше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола, а имаше и асистенција за погодок на Чалханоглу. Четвртиот гол за Милан беше дело на Леао.
Лацио со голови на Кореа и Имобиле дојде до победа од 2-0 против Бреша. Верона со 3-0 го совлада СПАЛ.