Лига на шампиони

Џеко му донесе победа на Интер, Ајакс со пресврт славеше во Истанбул (ВИДЕО)

Един Џеко со два гола во второто полувреме му донесе победа на Интер од 2-0 над Шахтар, Ајакс со пресврт во второто полувреме славеше со 2-1 на гостувањето кај Бешикташ. 

Интер тешко го скрши отпорот на Шахтар кој се држеше еден час. Во тој период нероазурите имаа повеќе шанси, а им беа поништени и два гола.
 
Конечно во 61. минута Един Џеко налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на гостите за водство од 1-0.
 
Потоа беше полесно, само шест минути подоцна Перишиќ нафрли, а Џеко со глава реализираше за победа од 2-0.
 
Ајакс во петтото коло дојде и до петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, овојпат со 2-1 го совлада Бешикташ во Истанбул.
 
Домаќините дојдоа во водство со гол на Гезал од пенал, а во вториот дел Халер двапати погоди за победа на Ајакс.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе