Не е изненаден од она што се случува во Белгија

Џаро по скандалот кој ја тресе Белгија: Каде што има Срби и Хрвати таму најмногу се мести!

Велибор Џаровски – Џаро, кој е познат како крал на местенките на Балканот, не е изненаден од скандалот кој ја тресе Белгија каде вчера беа извршени апсења поради измама, перење пари и наместени фудбалски натпревари.

Вчера беше спроведена голема полициска акција во Белгија, органите на власта влегоа во десетина клубот од најсилното првенство, а во притвор завршија голем број лица помеѓу кои и тренеот на Клуб Бриж, Хрватот Иван Леко, како и српскиот агент, Дејан Вељковиќ.

За сите постои сомнеж дека се вмешани во измама, парење пари и наместени фудбалски натпревари. Истражните власти од Белгија исто така порабале информации и од Македонија, Србија и Хрватска.

Се верува дека и во нашата држава биле извршени претресеи во куќи на одредени агенти и фудбалери поврзани со сомнителни активности, а во нашето соседство извршено е и апсење. Медиумите од Србија пренесуваат дека доцна синоќа е притворен агентот Урош Јанковиќ, а на неколку локации во Ниш и Белград биле пронајдени 800.000 евра.

Целиот скандал кој ја тресе Белгија го прокоментира и Вилибор Џаровски – Џаро, кој е познат како крал на местенките на Балканот.

„Во Белгија се мести најмногу од цела Европа, тоа е така бидејќи таму има најмногу фудбалери од поранешна Југославија. За ова зборував уште пред 10 години. Никаде на друго место не се мести како во Белгија. Кога Стандард изгуби од Зулте Варегем, „рикна“ цела кладилничарска Европа“ – вели популарниот Џаро.

„Дали сум изненаден што се вмешани Србин и Хрват во скандалот? Не, каде што има Срби и Хрвати, таму се мести најмногу. И јас сум соработувал и сум местел со Хрвати. Полицијата од Белгија ја прислушкува цела Европа, имаат напредни методи за сузбивање на наместени натпревари и чим ги притворија Иван Леко и Дејан Вељковиќ, сигурен сум дека овие двајца се поврзани со наместени натпревари“.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе