Го навлече гневот на Србија

Џака ја славеше победата над Србија со контроверзен дрес, па се правдаше (ФОТО)

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло, Гранит Џака ги налути Србите откако победата и пласманот во осминафинале го прослави со дрес на кој пишуваше Јашари.

На мечот помеѓу Швајцарија и Србија имаше многу тензија и инциденти, кога Душан Влаховиќ донесе предност од 2-1, селекторот Драган Стојковиќ ги опцу Албанците во швајцарската репрезентација.

Во второто полувреме, Гранит Џака се фати за меѓуножјето, потег по кој цела клупа на Србија стана а имаше и играчи кои влегоа во теренот и сакаа да се пресметата со фудбалерот на Арсенал.

Гранит Џака провоцираше и по крајот на натпреварот, победата и пласманот во осминафинале го прослави со дрес на кој пишуваше Јашари.

Прва алузија на Јашари е основачот на ОВК, Адем Јашари. Србија најави жалба до ФИФА за испраќање политички порака, па фудбалерот од средниот ред се правдаше и посочи дека дресот е во чест на неговиот помлад сонародник Ардон Јашари од Луцерн.

„Апсолутно нема никаква политичка порака. Ардон Јашари е момче кое многу ми се допаѓа. Знам како му е, и јас бев млад и сакам само да му помогнам. Му ветив дека ако постигнам гол или победиме, ќе го облечам неговиот дрес“ - рече Гранит Џака.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе