Швајцарецот се извини и откри зошто им е лут на навивачите

Џака ја објасни реакцијата: Ми велеа дека ќе ми ја убијат сопругата, ќерка ми да фати рак...

Гранит Џака по неколку дена молк конечно се огласи, Швајцарецот раскажа како со недели и месеци бил навредуван па дозволил да го понесат емоциите и затоа во неделата влегол во конфротација со навивачите на Арсенал на дуелот со Кристал Палас.

Капитенот на „топчиите“ во неделата доби свирежи кога беше повлечен од игра, па тој им порача на навивачите да „од**бат“, го соблече дресот  и нервозно се упати во соблекувалната.

Откако неколку дена молчеше, Гранит Џака вечерва се огласи со писмо во кое објасни зошто им е лут на фановите.

„Откако имав време добро да размислам за она што се случи во неделата, би сакал да ви дадам објаснување наместо брз одговор. Сцените кои се случија кога бев заменет, ме погодија многу. Го сакам овој клуб и секогаш ќе давам 100% на теренот и надвор од него. Тоа што не бев разбран од фановите, и навредите и коментарите на натпреварите и социјалните мрежи во последните недели и месеци ме болат многу. Луѓе ми велеа работи како „Ќе ти ги скршиме нозете“, „Ќе ти ја убиеме сопругата“ и „Посакуваме ќерка ти да фати рака“. Бев потресен од сето ова, и ситуацијата кулминираше кога почувствував одбивност на стадионот во неделата“ – се вели во писмото на фудбалерот од средниот ред објавено на социјалните мрежи.

„Поради сето ова, дозволив да ме понесат емоциите и да реагирам на начин на кој покажав непочитување кон групата фанови кои го поддржуваат клубот, тимот и мене, и испраѓаат позитивна енергија. Немав таква намера и сакам да се извинам“.

„Моја желба е да се вратиме во ситуација каде ќе има взаемна почит, да се потсетиме зошто сите сме се заљубиле во оваа игра. Да продолжиме понатаму заедно, позитивно“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе