Ла Лига

Џабе победа на „Ел класико“, Реал вечерва шокиран на гостувањето кај Бетис (ВИДЕО)

Бетис по повеќе од седум години се радува на победа над Реал Мадрид пред своите фанови, поранешниот играч на Барселона, Кристијан Тељо во финишот донесе триумф од 2-1.

Падна во вода победата на Реал Мадрид на „Ел класико“, вечерва избраниците на Зинедин Зидан загубија на „Бенито Виљамарин“ и сега повторно се втори на табелата со два бода помалку зад лутиот ривал.

Во возбудлив натпревар, Бетис по повеќе од седум години се радува на победа над „кралевите“, а трите бода ги донесе токму поранешен играч на Барселона.

Резултатот беше отворен во 40. минута, домаќините бараа пенал за старт на Рамос врз Фекир, и додека сите погледи беа кон судијата, Сиднеј биеше силно на првата статива и го совлада Куртоа.

Но во судиското надополнување на првиот дел, токму Сиднеј реагираше неспретно во сопствениот шеснаесетник, го собори Марсело за најстрога казна, а Бензема од белата точка реализираше за 1-1.

Во продолжението од мечот, двата тима имаа свој прилики, а голот вреден три бода за Бетис падна во 82. минута. Бензема погрешно додаде и отвори контра на „зелено-белите“ која рутински ја заврши Кристијан Тељо.

Реал силно притисна во завршницата, голот на Бетис висеше, но гостите на крајот мораа да се помират со пораз.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе