Не му доаѓа памет

Џабе два пати се извинуваше, Орие реши да се поднови со нова фризура и повторно го налути Тотнем

Десниот бек на Тотнем, Серж Орие може да се најде во проблеми, „спарси" отворија истрага откако фудбалерот по трет пат ги прекрши правилата за социјална дистанца.

На Серж Орие очигледно не му доаѓа памет, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска веќе два пати ги прекрши правилата за социјална дистанца и беше принуден да се извинува и да донира пари откако џогираше во парк со пријател, а одработи и тренинг со соиграчот Муса Сисоко.

Десниот бек се чини дека по трет пат ги прекрши правилата за социјална дистанца откако на социјалните мрежи се пофали дека има нова фризура. Како дел од карантинот во Велика Британија, берберските салони не работат до јули и не се дозволени куќни посети.

За проблемот да е поголем, ова се случува во време кога се прават првите тестови за коронавирус и фудбалерите се враќаат на тренинг под строги услови и протоколи.

Од таборот на Тотнем само кратко порачаа дека во тек е истрага и ќе следи санкција доколку се докаже дека Серж Орие ги прекршил правилата.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе