Сличноста со Аргентинецот може скапо да го чини

Двојник на Меси е обвинет дека прелажал 23 жени кои спиеле со него мислејќи дека е славниот фудбалер

Иранецот Реза Парастеш, популарен како „иранскиот Меси“, е обвинет дека својата неверојатна сличност со Лионел Меси ја искористил да легне со 23 жени кои сега го тужат за измама.

Неколку светски медиуми, межу кои и шпанска „Марка“ објавија вест како Реза Парастеш го користи својот изглед за лажно да се претставува дека е Лионел Меси, на тој начин искористил 23 жени. 
 
Како веста се ширеше, 26-годишниот Иранец брзо ги негираше информациите со тврдење дека е невин.
 
„Вестите се шират во муслиманските земји и тоа е катастрофа. Бев многу вознемирен бидејќи целиот свет ме навреди мене. Моите родители исто така се вознемирени“, изјави Парастеш.
 
Тој својата сличност на Меси ја искористи за да стане популарен во светот, но на крајот може скапо да го чини.
 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе