Манчестер Сити

Две сериозни засилувања за два дена, Манчестер Сити го потврди трансферот на Аке

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Нејтан Аке од Борнмут за сума од 45 милиони евра, тој потпиша петгодишен договор со граѓаните. 

25-годишниот холандски дефанзивец, Нејтан Аке е нов фудбалер на Манчестер Сити.
 
„Манчестер Сити потпиша со холандскиот интернационалец, дефанзивецот Нејтан Аке од Борнмут. Тој стави потпис на петгодишен договор кој ќе го задржи во Сити до летото 2025“, стои во соопштението на клубот.
 
Сумата која ќе ја плати Манчестер Сити за овој трансфер изнесува 45 милиони евра.
 
Челси имаше опција да ја изедначи оваа сума, но очигледно дека лондонскиот тим не беше заинтересиран да го врати Аке во клубот.
 
Синоќа Манчестер Сити го потврди и трансферот на Феран Торес од Валенсија.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе